Стабилизатори на напон
Серво и статички стабилизатори од 1 до 3000 kVA, со точност до ±1 %.

Стабилизаторот го држи напонот кон вашата опрема во тесни граници, без оглед на варијациите на мрежата. Тоа е важно на долги изводи, во слаби мрежи и за опрема осетлива на напон: медицински апарати, CNC машини, печатарски и текстилни машини.
Изборот меѓу серво и статичка изведба зависи од брзината на промените: серво стабилизаторите се робусни и прецизни, а статичките реагираат за неколку милисекунди.
Клучни предности
- Стабилен напон при широк опсег на влезни варијации
- Заштита од пренапон и поднапон
- Подолг век на моторите и електрониката
- Помалку застои и отфрлени производи
Серво (електромеханички)
Регулација со моторно придвижуван автотрансформатор; висока точност и голема преоптоварливост.
Статички (електронски)
Регулација со енергетска електроника, без подвижни делови, со многу брз одзив.
Независна регулација по фаза
За мрежи со несиметричен товар; секоја фаза се регулира засебно.
Надворешна изведба
Куќиште IP54 за монтажа на отворено.
Опции
Бајпас, изолационен трансформатор, пренапонска заштита, мерење и комуникација.
| Моќност | 1 – 3000 kVA |
|---|---|
| Опсег на влезен напон | ±15 %, ±20 % или ±30 % |
| Точност на излезниот напон | ±0,5 % до ±1 % |
| Брзина на корекција | серво: десетици ms/V; статички: под 20 ms |
| Ефикасност | > 97 % |
| Заштита | IP21 внатрешна, IP54 надворешна |
Наведените вредности се типични опсези. Точната спецификација зависи од избраниот модел и се потврдува во понудата.
- Медицинска опрема (МР, КТ, рендген)
- Болници и клиники
- CNC машини и прецизна обработка
- Печатници
- Текстилна индустрија
- Производни погони
- Телеком оператори и базни станици
- Хотели и угостителство
- Лаборатории и дијагностички центри
- Фарми и земјоделство
Поврзани производи
Компензатори на напонски пропади (SAG)
Корекција на кратки пропади на напонот за неколку милисекунди, без батерии.
ПогледниКомпензација на реактивна енергија – низок напон
Автоматски кондензаторски батерии од 12,5 до 1200 kvar, со или без пригушници.
ПогледниКомпензација на реактивна енергија – среден напон
Фиксни и автоматски кондензаторски батерии за мрежи до 36 kV.
ПогледниАктивни филтри
Модуларни активни филтри од 25 до 600 A за хармоници до 50-ти ред.
ПогледниПаметни уреди за енергетска ефикасност
Мерни уреди и софтвер за следење на потрошувачката по објект, линија или уред.
ПогледниОптимизатори на напон за заштеда
Оптимален напон кон потрошувачите за помала потрошувачка, од 10 до 3000 kVA.
Погледни




