CRAC системи
Прецизна климатизација со директна експанзија, од 5 до 150 kW.

CRAC единицата има сопствен компресор и работи со директна експанзија. За разлика од комфорната клима, предвидена е за работа 24 часа на ден, 365 дена во годината, и ја одржува и температурата и влажноста во тесни граници.
Повеќе единици работат во група, со ротација и автоматско вклучување на резервната.
Клучни предности
- Прецизна контрола на температура и влажност
- Предвидено за непрекината работа
- Не бара систем на ладна вода
- Работа во група со ротација и резерва
Дување надолу (downflow)
Ладниот воздух се дистрибуира под двојниот под.
Дување нагоре (upflow)
За простории без двоен под, со дување директно или преку канали.
Воздушно или водено ладен кондензатор
Надворешен кондензатор или приклучок на кула или сув ладилник.
Двоен извор (dual cooling)
DX и ладна вода во иста единица, за највисока расположливост.
Влажење и догревање
Целосна контрола на влажноста во просторијата.
| Ладилен капацитет | 5 – 150 kW по единица |
|---|---|
| Компресори | спирални, инверторски |
| Точност на регулација | ±1 °C, ±5 % релативна влажност |
| Вентилатори | EC, со променлива брзина |
| Работа во група | ротација, резерва, каскада |
| Комуникација | Modbus, SNMP, BACnet |
Наведените вредности се типични опсези. Точната спецификација зависи од избраниот модел и се потврдува во понудата.
- Серверски соби
- Дата центри
- Телеком оператори и базни станици
- Банки и финансиски институции
- Лаборатории и дијагностички центри
- Медицинска опрема (МР, КТ, рендген)
- ТВ и радио студија
- Јавни установи
Поврзани производи
In-Row ладење – фронтално
Ладилни единици во редот, од 10 до 70 kW, со дување во ладната зона.
ПогледниIn-Row ладење – странично
Ладилни единици од 5 до 35 kW што дуваат директно во соседните ормари.
ПогледниЧилери
Воздушно ладени чилери од 20 kW до над 1500 kW, со слободно ладење.
ПогледниCRAH системи
Прецизна климатизација на ладна вода, од 20 до 250 kW по единица.
ПогледниИндиректно адијабатско ладење
Ладење со надворешен воздух и испарување на вода, од 50 до 500 kW по единица.
Погледни




