За СПС Инженеринг
Специјализирана компанија за сигурна и доверлива енергија.

СПС Инженеринг е компанија посветена на инженеринг и изведба на доверливи системи и светски проверени практики во областа на континуираното напојување и мрежната инфраструктура.
Работиме за дата центри, серверски соби, банки, болници и производни погони. Зад нас се повеќе од 10 години практично искуство и бројни успешно завршени проекти.
Изведуваме проекти од различна сложеност, даваме долгорочни гаранции и постојано воведуваме нови технологии. Секој проект го водиме од анализа, преку инсталација, до пуштање во работа и одржување.
Што работиме
- Критично напојување
- Квалитет на електрична енергија
- Системи за ладење
- Мрежна инфраструктура
- Системи со повеќе агрегати
- Резервно напојување за објекти
- Индустриски електрични инсталации
- Квалитет на енергија и енергетска ефикасност
- Складирање на енергија и хибридни системи
- Решенија за дата центри
- Проекти „клуч на рака“
- Услуги
Еден партнер за целиот животен циклус
Системот за критично напојување работи со децении. Затоа не продаваме само опрема: го проектираме системот, го вградуваме, го пуштаме во работа и го одржуваме.
Проекти „клуч на рака“Клуч на рака
Еден договор за проект, опрема, изведба и пуштање во работа.
Долгорочна гаранција
Стоиме зад вградената опрема и изведените работи.
Брза инсталација
Подготвени системи и искусен тим за кратки рокови.
Сопствен сервис
Превентивни прегледи и поправки од нашиот стручен персонал.






