Индиректно адијабатско ладење
Ладење со надворешен воздух и испарување на вода, од 50 до 500 kW по единица.

Системот ја одведува топлината од салата преку изменувач воздух – воздух, без мешање на надворешниот и внатрешниот воздух. Во потоплите денови, испарувањето на вода дополнително го лади надворешниот воздух, а компресорите се вклучуваат само во најтоплите часови.
Поради малата потрошувачка, ова е решение за големи дата центри каде трошокот за ладење е најголема ставка по ИТ опремата.
Клучни предности
- Многу ниска потрошувачка на електрична енергија
- Надворешниот воздух не влегува во салата
- Компресорите работат само дел од годината
- Помалку ладилно средство во системот
Кровна монтажа
Единици на кровот со канали до салата.
Монтажа покрај објектот
Единици покрај ѕидот на салата, со директно дување.
Со дополнително DX ладење
Вграден компресорски круг за најтоплите денови.
Подготовка на вода
Омекнување и филтрација за адијабатскиот дел.
| Ладилен капацитет | 50 – 500 kW по единица |
|---|---|
| Изменувач | плочест, воздух – воздух |
| Режими на работа | сув, адијабатски, со DX поддршка |
| Делумен PUE | типично околу 1,1 |
| Вентилатори | EC, со променлива брзина |
Наведените вредности се типични опсези. Точната спецификација зависи од избраниот модел и се потврдува во понудата.
- Дата центри
- Телеком оператори и базни станици
Поврзани производи
In-Row ладење – фронтално
Ладилни единици во редот, од 10 до 70 kW, со дување во ладната зона.
ПогледниIn-Row ладење – странично
Ладилни единици од 5 до 35 kW што дуваат директно во соседните ормари.
ПогледниЧилери
Воздушно ладени чилери од 20 kW до над 1500 kW, со слободно ладење.
ПогледниCRAC системи
Прецизна климатизација со директна експанзија, од 5 до 150 kW.
ПогледниCRAH системи
Прецизна климатизација на ладна вода, од 20 до 250 kW по единица.
Погледни





